„Цело време бевме против укинувањето на ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија, затоа што единствениот начин да ги натераме Македонците да не слушаат е да не го укинаме ветото“, рече Слави Трифонов на прес-конференција.

Според него, ветото за Македонија мора да се врати.

„Само така може да се запре оваа антибугарска кампања, која се одвива кај нашиот сосед и веќе добива монструозни размери. Нашиот министер за надворешни работи беше опкружен од Националното собрание и од Кирил Петков, кој имаше свој министер за надворешни работи и неговата надворешна политика во однос на Северна Македонија. Тој беше апсолутно сигурен дека ова вето треба да падне и направи се што можеше за тоа. Немаме ништо заедничко“, смета Трифонов.

Според него, Кирил Петков се криел зад парламентот, а прашањето за Македонија било една од главните причини зошто Петков во моментов не е премиер.