Инвестициски циклус следува со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот, Христијан Мицкоски кој работат посветено и макотрпно. Целта е да се врати достоинството на државата и да обезбедат подобар живот и повисок животен стандард за сите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнуваат дека со посветена работа на Владата, Македонија чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.
За таа цел, владата ги подобрува билатералните односи со моќните и влијателни држави во Европа и светот. Обезбедува бизнис клима која привлекува странски инвестиции кои во Македонија отвораат нови и добро платени работни места.
Соработките со државите и директните странски инвестиции се клучни за раст и развој на економијата. Зголемување на БДП, намалувањето на јавниот долг, како и за растот на платите и со тоа за подобрување на животниот стандард.
Турската компанија „Шахтерм“ почна со изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје. Инвестиција во вредност од 100 милиони евра. Отворање 1.000 работни места. Компанијата има повеќе од 40 години искуство. Во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Таа е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво.
За Македонија претставува особена чест затоа што ова ќе биде прв производствен капацитет на компанијата надвор од Турција. Исто така и потврда дека владините политики за овозможување подобра бизнис клима, даваат резултати“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека со цел развој на државата, Македонија отвора ново поглавје и во дипломатијата и меѓународните односи. По стратешкото партнерство со САД, Македонија постигна договор за стратешко партнерство и со Обединетото Кралство.
Договорот ќе биде основата за инвестициски циклус од околу 6 милијарда евра. Како и соработката во трговијата, инфраструктурата, енергетиката, доброто владеење и борбата против организираниот криминал.
Инвестицискиот циклус преку стратешкото партнерство ќе претставувала сериозен импулс за македонската економија. Ќе се инвестира во енергетиката и инфраструктурата, ќе се изгради модерна карго и брза патничка железницата од Табановце до Гевгелија.
Значаен дел од договорот ќе бидат и инвестициите во здравството. Како изградбата на нови болници, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом и реконструкција на клиничката болница во Тетово. Ќе се заврши проектот на клиничката болница во Штип и ќе се изгради зграда на новиот медицински факултет, како и нов студентски дом. Целта е Македонија да биде дестинација во која големите странски корпорации ќе ги шират своите бизниси. Кои ќе бидат сериозен инпут во економијата и ќе отворат нови добро платени работни места“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: Република