Сонце, жештина и африканска воздушна маса
Почнувајќи од понеделник, 23 јуни, Македонија влегува под влијание на екстремно топла воздушна маса што пристигнува од северот на Африка. Според метеорологот Славчо Попоски, оваа воздушна маса ќе донесе стабилно, сончево и натпросечно топло време во текот на целата наредна работна недела.
Попоски предупредува дека:
„И во Скопскиот регион, во текот на следната работна седмица ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност – ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец“, вели тој.
Температурите драстично се зголемуваат
Топлотниот бран нема да поштеди ниту еден дел од земјава. Температурите ќе се движат меѓу 31 и 38 степени, а во централниот дел на Македонија, особено Повардарието, се очекуваат дури и 40 степени Целзиусови од средината на неделата.
„Што се однесува до температурите, тие значително ќе се покачат и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени“, изјави Попоски.
Температурите ќе бидат до 40 степени.
„Во Повардарието од средината на следната седмица температурата ќе се искачува до околу 40 степени. Во Скопскиот регион температурата во текот на следната работна седмица ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени“, додаде тој.
Клучен совет: Избегнувајте престој на отворено
Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание, особено во периодот од 11 до 17 часот, кога УВ-индексот ќе биде висок, а ризикот од дехидрација и топлотен удар зголемен. Се препорачува носење светла облека, капи, сончање со заштитна крема и редовна хидратација.