Се одигра првиот натпревар од шестото последно коло од групата „Д“ од вториот претквалификациски круг за пласман на Евробаскетот 2025, објави Слободен печат.
Кошаркарската репрезентација на Словачка минимално со резултат 71:72 славеше на гостувањето против Данска во Наествед.
Во победничките редови Бродзијански доминираше со 29 поени (седум скокови), а на спротивната страна Јукиќ беше прв стрелец со 21 поен.
Моментно Словаците се првопласирани со 10 бодови, но тоа може да се промени доколку најдобрата македонска селекција слави денеска во Осло против Норвешка.
Потсетување дека натпреварот Норвешка – Македонија ќе се игра од 18.00 часот, ќе се емитува директно на „Sportklub 2HD“, а можете да го следите и на официјалниот Јутјуб канал на ФИБА ТУКА