Парламентот одобри исплати денеска, давајќи зелено светло на владиниот предлог со кој првично се разгледуваше давање ваучери за хотели или ресторани, но наместо тоа се определи за паричен поттик.
Оние кои ќе примат „бустер“ доза до средината на јануари ќе добијат 300 евра, додека групата над 60 години кои ќе аплицираат за прва доза до тој датум ќе добијат 200 евра.
Словачка не е првата земја што нуди стимулации за вакцинација. Во октомври, Швајцарија понуди бесплатни оброци во ресторан или билети за кино на граѓаните кои ќе ги убедат своите пријатели да се вакцинираат против Ковид.
Американскиот град Хјустон во април соопшти дека ќе плати 100 долари на секое лице кое ќе ја прими првата доза од вакцината против Ковид.
Од вкупното словачко население, 46,5 отсто се целосно вакцинирани, што е под просекот на ЕУ од 66,8 отсто, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.