Владата на Словачка денеска прогласи вонредна состојба поради приливот на странци во земјата, јавуваат словачките медиуми.
Како што се наведува, целта на воведувањето на вонредната состојба, која стапи на сила точно напладне, е да се создадат неопходни услови за отстранување на последиците од масовниот прилив на странци на територијата на Словачка.

Претставници на Владата и други органи се задолжени за преземање мерки за цивилна заштита на населението, за решавање кризни состојби за да не се загрозат животите, здравјето и имотот на жителите на земјата.

Во текот на изминатиот ден источната граница на Словачка ја минале 10.500 лица.

Пред кризата во Украина, словачките граничари регистрирале околу 1.500 премини на источната граница на земјата.