Еден од противниците на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Европското првенство 2025 е репрезентацијата на Словачка.

Полудиригираната ждрепка закажана за 14 јули во Минхен ќе ги одреди другите две селекции кои ќе играат во Д-групата со Македонија и Словачка.

Потенцијални противници се Австрија, Романија и Данска кои победија во првата фаза од претквалификациите, Швајцарија и Норвешка како најдобропласирани втори, и Кипар како домаќин на шампионатот.

Натпреварите ќе се играат во три нови „прозорци“ – август и ноември годинава и февруари 2023 година.