Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар утрово пристигнува во официјална посета на Македонија, каде што ќе биде примена со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија, од страна на претседателот Стево Пендаровски во вила Водно, информираат од Кабинетот на претседателот.
Програмата на Мусар вклучува тет-а-тет средба со Пендаровски и пленарна седница на делегациите на Македонија и Словенија, како и средби со претседателот на Парламентот, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.
Пирц Мусар ќе говори и на свечена седница во Собранието, а претходно заедно со Пендаровски ќе положи цвеќе врз гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.