Словенија испраќа 16 противпижарни возила и 46 пожарникари да помогнат во гасењето на пожарите низ земјава.
– Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро, и напиша министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја.
Помошта од Словенија во луѓе и возила се очекува да пристигне најдоцна утре.
Вчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците и рече дека Македонија може да смета на своите пријатели во неволја.
– Навистина ми е драго што колегата Тонин многу брзо реагираше позитивно, и по првичните најави за помош кои што дојдоа од Србија и Бугарија, имаме ист одговор и од страна на Словенија. Тоа покажува голема солидарност од страна на нашите сојузници и од соседите, рече министерката Шекеринска.