Епидемиолозите предупредуваат дека доколку не се зголеми вакцинацијата, есенскиот бран поради дента варијантата може да биде и полош од оној од минатата година.
-Ако сакаме да го избегнеме четвртиот бран на епидемијата и преполните болници, се препорачува сите постари од 40 години што е можно поскоро да бидат вакцинирани за да се заштитат од посериозна форма на болеста.
Пожелно е најмалку 90 проценти од возрасната популација да бидат вакцинирани, објави денеска научниот институт „Јожеф Штефан“, кој за владата дава епидемиски прогнози и ја промовира вакцинација.
Во Словенија досега се целосно вакцинирани 46 проценти од постарите од 18 години и 60 проценти од оние над 50 години, јави Хина.
Во последните 24 часа, во Словенија се потврдени 31 инфекција со коронавирус од 647 тестирани, има 1.103 активни случаи, а дневниот просек на инфекции на неделно ниво изнесува 87, соопшти словенечката Влада.