Вкупна затворска казна од 10 години
Судијката им одреди вкупна затворска казна од 10 години и пет месеци, а треба да ја надоместат и штетата што ја направиле преку незаконското работење на нивните фирми. Дали ќе следува жалба, Обвинителството ќе процени откако ќе ја разгледа писмената верзија на пресудата и ќе види од кои причини Судот изрекол казни, близу законскиот минимум.
Оштетен е буџетот за 8 милиони евра
Обвинителството своевремено отвори истрага против 26-мина сопственици и директори на фирми кои од 2019-та до крајот на 2021 година со издавање на лажни фактури со цел да избегнат плаќање на данок го оштетиле Буџетот за 8 милиони евра. Во истрага двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни, во меѓувреме еден обвинет почина, а дел признаа вина, платија данок од милион евра и добија условни или ниски затворски казни.
Извор: МРТ