Рустеми денеска се пожали на судот дека никогаш не влијаел на судот во носењето на одлуки и оти ова било обид да се опструира постапката кога се гледало дека се движеле во вистинска насока.
На тоа Даути не му остана должен и рече дека стои зад тоа што кажа во медиумите за состанокот со Рустеми на кој присустувале само тие двајца и никој друг.
-На состанокот побарарав да се сослушаат нашите сведоци на што Рустеми рече, цитирам, -во никој случај нема да бидат сослушани вашите сведоци, уверуваше Даути.
Адвокатот откри и уште детали од разговорот со Рустеми и за пазорот што обвинителот сакал да го направи со една од обвинетите.
-На обвинетата Елисавета Најдоска уште во предистражна постапка и имам понудено кога бевме во СЈО дека ќе и овозможам условна казна. Прашај го твојот клиент дали тоа е точно. Јас ќе разговарам со судот да добие условна казна, а од моја страна нема да има жалба, ги цитираше Даути зборовите на обвинителот Рустеми.
На денешното рочиште судијата Огнен Ставрев се обиде да заземе страна со тоа што среде расправијата помеѓу обвинтелот Рустеми и адвокатот Даути започна да чита соопштение од Јавното обвинителство. Читајќи го сооштението тој потенцираше дека Јавното обвинителство не влијаело на судот во случајот ТНТ и оти претседателот на Советот е единствено надлежен да прифати или одбие доказ.
Притоа се доби впечаток дека соопштението е испратено директно до судот. Адвокатот Наков го праша кој стои во потписот на дописот. На тоа Ставрев одговори дека писмото го има на интернет страната на ЈО и оти нема потпис и оти не е адресирано до него.
Познавачите на спорот коментираат дека ова е директен притисок од страна на ЈО до судот за забрзување на постапката и за носење што поскора пресуда.