Основниот кривичен суд Скопје денеска ја соопшти пресудата за случајот „Геријатрија“, со која на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, му изрече четири години затвор, а на вработениот Блерим Амити една година и десет месеци затвор.
Двајцата се прогласени за виновни за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според утврденото во постапката, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба во болницата, додека Амити учествувал како посредник при предавањето на парите.
Судијката Ленка Давиткова, образложувајќи ја одлуката, посочи дека судот особено ја ценел злоупотребата на тешката здравствена состојба на пациентите, како и нарушувањето на довербата во јавното здравство.
СЛУЧАЈОТ „ГЕРИЈАТРИЈА“
