Премиерот категоричен: „нема амнестија за девијантно однесување“

Случајот со убиената мечка, кој го потресе јавноста, добива на интензитет. Премиерот Христијан Мицкоски изрази решителност за барање одговорност, доколку тврдењата против заменик директорот на „Македонија пат“,  Дранго се потврдат.

  • Доколку се докажат овие наводи, веднаш ќе барам одговорност. Таквите однесувања, ако се утврди дека се вистинити, нема да бидат ниту оправдани, ниту толерирани. Ќе преземеме итни мерки за разрешување на одговорниот,“ изјави премиерот.

ОЈО Битола истражува, анима мунди бара разврска

Случајот е под истрага на Основното јавно обвинителство Битола, кое оформило предмет по допрен глас. Од ОЈО изјавуваат дека преземаат активности за целосно испитување на настанот, но засега нема дополнителни детали за истрагата.

Инцидентот беше обелоденет од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, кое сподели фотографија на која Дранго е фотографиран со пушка покрај мртвото животно. Тој тврди дека мечката била прегазена од автомобил на патот Битола – Ресен, а тој бил повикан да ја отстрани од местото.

  • Мечката беше усмртена од возило, а јас само ја отстранив од патот. Се најдов таму случајно, во ловџиска облека, но тоа не значи дека сум ја убил,“ тврди Дранго.

Сепак, прашањето зошто носел ловџиско одело и бил вооружен останува неодговорено.

Случајот со убиената мечка: Контроверзии околу изјавите на Дранго 

И покрај неговите тврдења, од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа:

  • Дранго нема дозвола за поседување оружје, бидејќи му била одземена пред шест години поради прекршок.
  • На патот Битола – Ресен нема регистрирана сообраќајна несреќа со усмртена мечка.

Овие детали ја зголемуваат недовербата во верзијата на настаните што ја изнесе Дранго.

Мечката е строго заштитено животно

Мечката е под строга заштита според Законот за лов. Член 11 ја класифицира како заштитен дивеч, а нејзиниот лов е трајно забранет. Дополнително, според Кривичниот законик, за лов на мечка се предвидува казна затвор од една до пет години.

Здружението „Анима Мунди“ најави дека ќе продолжи да го следи случајот, барајќи правна разврска и санкции за сите прекршувања на законот.