Рап артистот Стиховен Калибар го промовираше својот нов албум на платформата YouTube.

Ова е трет албум на раперот кој и овојпат третира длабоки социјални теми.

-Албумот Модерни робови е апокалиптилен албум кој го актуелизира современото робовладетелско општество и политичката жабокречина. Во него неуморно се трага по изгубената слобода, а вметнува и библиски црти во еден модерен контекст, алудирајќи на распадот на либерална цивилизација која се повеќе доведува до човечко страдание и бездушност. – вели Стиховен Калибар.