Новиот претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулајем, го отпушти досегашниот директор на Формула 1, Мајкл Маси.
Според ФИА, Маси доби отказ поради контроверзните одлуки на последната трка од минатата сезона, во која Макс Верстапен го престигна Луис Хамилтон во последниот круг и на тој начин ја обезбеди титулата.
„Мајкл Маси работеше напорно овие три години и ќе биде префрлен на една од позициите во ФИА“, се вели во соопштението на организацијата. На негово место ќе дојде Едуардо Фреитас, кој досега, меѓу другото, бил директор на култната трка 24 часа Ле Ман. Формула 1 во иднина ќе има двајца директори за да не се повтори одлуката на само еден човек.