Во Психијатриска болница настанала физичка пресметка која завршила со смрт на осуденик по напад со стаклено шише
Во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје“ во Бардовци, на 5 август 2025 година околу полноќ се случила физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С. (35) од Неготино и И.Т. (62) од село Љубанци, скопско.
Според пријавата до СВР Скопје, инцидентот се случил во соба на судскиот оддел во болницата, каде Д.С. со стаклено шише го нападнал И.Т.. По ударите, И.Т. паднал во бесознание и бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде во 02:20 часот починал.
Д.С., осуден за кривично дело „убиство“, бил задржан во собата каде се случил нападот. И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.