Во овие моменти вистински хаос се случува на планинскиот превој Стража каде колони возила се заглавени поради снегот.

Забрана за движење АМСМ издаде од 13:00 часот на патниот правец Кичево-Стража. Од 12:40 на патниот правец Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово.

Забрана за движење од 12:45 има и на патениот правец Дебар – Маврово, истакна АМСМ.

Инаку забрана за движење без зимска опрема има и на патот кон Попова Шапка.