Полицијата денеска изврши претреси кај две лица од Куманово осомничени за незаконско снимање на зградата на СВР, при што биле пронајдени дронови, муниција и документација.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека со судска наредба биле претресени домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), како и деловен објект на еден од нив. Акцијата се спроведува во рамки на постапка по член 149 и член 152 од Кривичниот законик, откако на социјалните мрежи се појавија видеа снимени со дрон каде се гледаат зградата на СВР Куманово, службени возила и обезбедување за време на свеченостите за 2 Август.
Во домот на Д.Х. полицијата открила еден дрон, шест куршуми и повеќе нотарски акти и документи. Кај Д.Г. биле пронајдени 14 дронови. Сите предмети се одземени и ќе бидат дел од натамошната истрага.
„Со двете лица се извршени службени разговори во полициската станица, а по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.