Од Белата куќа денеска соопштија дека се издвојуваат 110 милијарди долари во рамките на инфраструктурниот пакет во висина од еден трилион долари, а за поправка на патиштата, проширување на пристапот до широкопојасниот интерент и модернизација на електричната мрежа.

-Се вклучуваме со работа на проекти кои се веќе подготвени, изјави денеска за новинарите Мич Лендрју, координатор на Белата куќа за реализација на инфраструктурни проекти.

Тој изјави дека администрацијата издвоила 110 милијарди долари наменети за државите и има пристап до околу 100 милијарди за финансирање на инфратсруктурни проекти.

Со 110-те милијарди ќе се финансираат 4.300 конкретни проекти. Околу 2.000 се поврзани со изградба и модернизација на аеродроми.

Денеска се навршува шест месеци од потпишувањето од страна на претседателот Џо Бајден на бипартискиот нацрт закон за развој на инфраструктурата.

Датата се совпадна со „Неделата на инфраструктурата – 2022“ која започнува денеска.