Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија.

По изборот, Наумовски даде и потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и дека ќе ги почитува Уставот и законите.

Без расправа, со 68 гласа „за“ и без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, пратениците на денешната 85. седница ја донесоа и Одлуката за давање овластување за склучување поединечен колективен договор, поднесена од претседателот на Собранието, Африм Гаши.