Сиљановска Давкова и Капралос со пораки за солидарност и пријателство

Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ вчеравечер беше одржана свечената церемонија на отворање на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Со дефиле на 50 делегации од цела Европа започна седумдневниот спортски и културен настан кој го означи и официјалниот старт со обраќања од претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, и претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос.

ЗАПОЧНУВА ЕМОФ СКОПЈЕ 2025: Повеќе од 4000 млади спортисти, тренери и тимски претставници во Скопје

Седумдневен спортски спектакл во Скопје, Куманово и Осиек

Вчера започна Европскиот младински олимписки фестивал, а фестивалот ќе опфати натпревари во 15 спортски дисциплини. Меѓу нив се атлетика, пливање, кошарка, ракомет, одбојка, џудо, велосипедизам, кајак и таеквондо. Натпреварите ќе се одржуваат на спортски објекти во Скопје и Куманово, додека спортската гимнастика ќе се одвива во Осиек, Хрватска, во соработка со Европскиот и Хрватскиот олимписки комитет.

Македонија со рекорден број натпреварувачи

Се очекува учество на над 4.000 млади спортисти, тренери, спортски функционери и тимски претставници, како и стотици новинари и волонтери. Македонија годинава ќе биде претставена со најголем број натпреварувачи досега, кои ќе се натпреваруваат во сите предвидени спортови, претставувајќи ја државата во духот на фер-плеј и спортско другарство.

Извор: Курир