Седумдесетгодишна жена е тешко повредена откако вчера околу 13,30 часот на ул.„24-ти Октомври“ во Струмица била прегазена од џип.
Како што соопштува МВР, патничко моторно возило „џип“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Б.М.(29) од Струмица удрило во пешакот Л.М.(70) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М. констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.