Вчера во 13.15 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, биле лишени од слобода О.Е.(26) и Б.У.(41), двајцата од Република Турција.
При извршена контрола тие приложиле украински дозволи за престој, при што било констатирано дека тие биле фалсификувани.
Во извршениот разговор двајцата изјавиле дека дозволите ги набавиле во Р. Турција за сума од околу 4.000 евра.
О.Е. и Б.У. биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.