Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Празијадата во селото Градошорци, во Општина Василево. Настанот, кој традиционално ги собира жителите од околината, има за цел да го прослави богатството на локалната земја. Според премиерот, манифестацијата е посветена и на трудот на вредните земјоделци. Настанот, како што истакна, бил исполнет со позитивна енергија и дружење. Мицкоски имал можност да разговара со локални производители. Тие, како што пренесе тој, со гордост ја негуваат оваа традиција. Празијадата и годинава го привлече вниманието на жителите од целата околина.
Погледнете го статусот на премиерот Мицкоски:
