Институтот за судска медицина се оградува од сите објави за обдукцијата на телата на Вања и Панче. Обвинителството се изјасни дека нема да објавува информации за документот што треба да ги даде клучните докази во истрагата. МВР на последната прес-конференција соопшти дека во девојчето било стрелано со огнено оружје.

На оваа тема, во телевизиско гостување зборуваше и професорот кој е поранешен директор на Институт за судска медицина, Алексеј Дума.

Обдукцијата не може да одговори кој го извршил убиството, но може да утврди како е извршено одземањето на животот, со какви средства. Може да утврди колку време е надживувањето за секоја поединечна повреда. Треба да одговори за причините на смртта. Ваквите сознанија треба обвинителот да ги добие”, објасни проф д-р Алексеј Дума.

Откако во јавноста беа лиферувани инофрмации од наводни извори во Институтот за судска медицина, дека 14-годишната Вања била убиена со истрел од огнено оружје, институцијата остро ги негираше. Од таму посочија дека ниту еден медиум нема добиено информација ниту во усна, ниту во писмена форма. Сите објавени неофицијални информации поврзани со било какви објави околу обдукциите на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не се од Судска медицина.

„Само изјава дадена од одговорното лице на Институтот, која е во вид на аудио или видеоснимка или во писмена форма, може да се смета за релевантна и точна и тогаш медиумите може да цитираат дека изворот на информацијата е од Институтот“, стои во соопштението од Институтот за судска медицина.

Наодите од обдукцијата за малата Вања и фризерот Панче пристигнаа во Обвинителството. Нема одговор на прашањата ниту за точното време на смртта, ниту за начинот на кој биле убиени, ниту еден детал, бидејќи обвинителите го анализираат и не споделуваат ништо заради истрагата.

„Обдукциските наоди за разгледуваат. Во моментов не може да се споделат детали со јавноста“, велат од Јавното обвинителство.

Во претходните свои изјави обвинителот Бубевски кажа дека материјалните докази со кои до тогаш располагаат ги потврдуваат исказите на осомничените. На првичната прес-конференција и министерот Спасовски посочи дека Вања е убиена со огнено оружје.

За двојното убиство, јавноста ја чека екстрадицијата на Палевски, а петмина други се во притвор.

Извор: МРТ