Бројот на новозаразени со коронавирус во Словенија, како и другите епидемиолошки показатели, продолжуваат да се намалуваат, а Владата во текот на денот ќе одржи консултации за ублажување и прилагодување на рестриктивните мерки. Олабавените мерки се очекува да стапат во сила во теот на оваа недела.
Епидемилозите денеска регистрираа 7.122 нови случаи, додека седумдневното ниво на зараза за еден ден падна на 6.735, а 14-дневната инциденца на 6.438. Во болниците има 794 пациенти, од кои 137 се на одделенија за интензивна нега. Во последните 24 часа починале 18 пациенти.
Поради ваквиот тренд, министерот за здравство Јанез Поклукар попладне ќе има средба со епидемиолозите и други здравствени работници, на која ќе биде даден предлог до Владата, која треба на редовната седница в четврток да ги приспособи антиепидемиските мерки на новонастанатата состојба.
Според медиумите, ублажувањето на мерките првенствено би се однесувало на места каде што има краткотраен контакт и помало пренесување на заразата, додека рестрикциите во здравствените и социјалните институции и образованието ќе останат ригорозни.
Медиумите јавуваат дека може да се укине потребата од прикажување ковид сертификати во продавниците, каде за влез ќе бидат потребни само заштитни маски, а ќе се ублажат и мерките за настани на отворено.