Ова денеска го соопшти ректорот на Универзитетот, проф.д-р Никола Јанкуловски, кој истакнува дека вакциналниот пунк ќе биде отворен секој работен ден од 8 до 14 часот и во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од поликлиниката на Универзитетот. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.

Согласно актуелната епидемиолошка состојба во државата и согласно заклучокот на Ректорската управа на Универзитетот донесен на вонредната сеница одржана на 23 август, УКИМ побара од Министерството за здравство да овозможи отворање на вакцинален пункт на Универзитетот заради омасовување на вакцинацијата во академската средина. Вакцините и друга стручна помош ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство, информира проф.д-р Јанкуловски.