Животниот стандард е под европски просек
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално ги измами и излажа граѓаните, ниту се горди, ниту имаат повеќе пари, ниту подобро живеат, оваа влада за година и пол донесе хаос и сиромаштија,“ рече Филипче.
Претседателот на СДСМ посочи дека најголемата измама била на парламентарните избори лани и дека ветувањата за гордост и достоинство се заменети со сиромаштија, хаос и неизвесност.
„ВМРО-ДПМНЕ се фали со ‘стабилност’, а народот не може да го помине месецот. Државата е во стагнација, нема економски раст, инфлацијата го слабее стандардот, а платите не се зголемуваат. Се доцни со исплата на ДДВ, субвенциите за земјоделците каснат, инвестициите се на рекордно ниско ниво,“ истакна Филипче.
Младите ја напуштаат Македонија поради ниски плати
Филипче укажа дека сегашниот животен стандард, со ниски плати и високи стапки на инфлација, не им нуди перспектива на младите.
„Нема достоен живот кога Македонија е претпоследна во Европа според висина на минимална плата со многу ниска куповна моќ. Младите заминуваат – не затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што таа не им нуди перспектива. Со оваа ненародна власт животот е сè потежок за сите.“
Тој додаде дека раката на погрешна државна политика се чувствува низ сите нивоа на владеење. Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ создаваат синџир на неспособност и безредие, што дополнително го отежнува животот на граѓаните.