Српската полиција уапси 42-годишен македонски државјанин осомничен за повеќе разбојништва во Краљево. Акцијата следувала по подолг оперативен ангажман, по што осомничениот бил лоциран и приведен.

Станува збор за В.Г., кој, според информациите, подолг период ги таргетирал вработените во обложувалници и пошти во градот. Осомничениот влегувал во објектите маскиран со фантомка, им се заканувал на вработените со пиштол и ги принудувал да ги предадат сите пари од прометот.

При претрес на станот каде што престојувал, полицијата пронашла дел од одземените пари, маската, како и реплика на пиштол која ја користел при нападите.

Вкупната штета што ја предизвикал изнесува над 700.000 српски динари. Осомничениот е задржан во притвор.