Општина Гази Баба денес го чествува Денот на општина Гази Баба.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека одбележувањето започна со церемонија на менување на знамето на Република Македонија.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

„СО ПОДИГАЊЕ НА ЗНАМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ДВОРОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗАПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 3-ТИ НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА.

Утрово во дворот на општина Гази Баба се оддржа церемонија на свечено подигање на знамето на Република Македонија, знамето на општина Гази Баба и знамето на Европската Унија.

Од оваа година започнуваме со една нова активност со која во иднина ќе започнува одбележувањето на Денот на општината, а тоа е со промена на знамињата.
Некој велат зошто токму со ваква активност ќе започнува одбележувањето на Денот на општината?

Тоа е затоа што наша должност е да се почитуваат знамето, химната и грбот како симболи на нашата татковина Република Македонија.
Знамето е национален симбол кое преставува заедничко обележје на сите оние кои живеат во Македонија, без исклучок на нивната национална припадност.

Македонското знаме било главна одлика за непокорот на Македонскиот народ и останало да биде светло на надежта за подобро утре.

На церемонијата присуствуваа учениците од општинските основни училишта во општина Гази Баба, бидејќи децата се оние кои ќе го продолжат патот, онаму каде што ќе застанеме ние“. – напиша Стефковски.