„Спортуваме за Аеродрoм” ова саботно утро ги собра граѓаните на Аеродром и скопјани на настанот кој општината го организираше во рамки на одбележувањето на 18 години постоење на Општина Аеродром. Со низа спортски активности, маскоти, училишни точки, презентација на полицијата и војската денес во паркот „Авионче” општината Аеродром го одбележа својот роденден.
Денешниот настан е уште еден потврда дека Општина Аеродром е најспортска, најзелена и најурбана општина. Тоа е реалност која ние во континуитет ја градиме и одржуваме. Истовремено ние сме локална самоуправа која инвестира во спортот, здравиот живот и правилниот развој и раст на најмладите. Се радувам што во толкав голем број, денес сите заедно одбележавме еден важен датум за нашата општина. Во текот овој месец, продолжуваме со низа инвестиции и проекти за поубава, поспортска и позелена општина, истакна градоначалникот Муцунски во својата објава.
Инаку, денешниот настан освен спортско – рекреативен и забавен карактер имаше и хуманитарен карактер. Во негови рамки присутните имаат можност да донираат средства за младиот Никола Ѓорѓиев.