Со традиционална прослава и изведба на „Вечниот Бог“ православните христијани го слават Бадник, ден пред големиот празник рождество христово – Божиќ.
Утрово во Соборниот храм во организација нат одборот за традиционална прослава, беа делени бадниковите гранчиња кои претставуваат симбол на среќата. Во речиси сите градови низ државава се одржуваат бадникови поворки.
На оваа тема свој статус објави и познатиот Инстаграм профил Никола Николовски Боемот кој пишува дека во општеството има позитивна промена, како и полниот плоштад.
Неговата објава ја пренсуваме во продолжение:
Вечниот Бог
Освен традицоналното пеење на коледарчињата „Коледе леде“ утрово се разбудивме и со стиховите „Вечниот Бог слезе и во Дева се всели; Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи; Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази“. Песната која јас додека бев дете беше непозната за пошироката јавност утрово гледам дека ја пеат многу дечиња. Го гледам плоштадот полн со православни христијани, претежно родители со дечиња. Плоштадот полн, душава уште пополна. Се осеќам исполнето со таа глетка. Ако некогаш било реткост да има вакви настани денес работите ПОЗИТИВНО се сменети.
Сакам да упатам искрени пофалби граѓанското здружение „Бадникови поворки“, кое години наназад макотрпно се труди за разубавување на празничната атмосфера за празникот на светлото Рождество Христово – Божиќ и за негово достоинствено прославување во духот на православната традиција. Како и други, така и оваа одекнуваше божикна каланда „Вечниот Бог“. Браво за организаторите од ова здружение, но и на многуте индивидуалци кои се борат за традицијата да опстои.
Во оваа објава можеби неповрзано и минорно за вас, но за мене индикатор за целата пресвртница во интонирањето на оваа песна е прикачувањето на Јутуб видеата од македонските поп ѕвезди од пред 6 години кога Некст Тајм, Лозано, Елена Ристеска, Викторија Лоба и многу други ја испеаа оваа песна, со верзијата на Ламбе, Анониа и Златно Славејче и многу други. Моќта на Јутуб и одличните видеа (како аудио така и одлични видео записи) придонесоа да „заживее“ оваа божикна каланда.
Овде не мислам само за скопскиот плоштад кој беше исполнет. Видов дека во Охрид повеќе од 800 дечиња учествувале во бадниковата поворка. Кавадарци, Куманово, Охрид и уште многу други градови. Браво за организацијата. Децата се богатството, а нема поубаво чувство од тоа кога гледаме дека тие ги негуваат ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ. Честит Бадник и бидете со најблиските! ❤
Боемот 2.0
View this post on Instagram