Како дел од кампањата “Вкусовите на Праските Балкан“ (Peach Flavors Balkan), финансирана од Европска Унија, вчера, во ресторанот “Брик“, дел од “Хотел Парк и Спа“, се одржа ексклузивен деловен настан во чии рамки се реализираше презентација на европски конзервирани праски и кулинарско шоу со дегустација на две јадења во кои беше употребен продуктот.

Свое обраќање пред присутните имаа г-дин Василис Кацарас (Vasilis Gkatzaras), Претставник на Грчката Амбасада од Секторот за Комерција и Економија и г-дин Константинос Апостолу (Konstantinos Apostolou), Претседател на Делкоф С.А. (Delcof S.A.), Грчката асоцијација за индустрија на конзервирано овошје.

Атмосферата на настанот беше надополнета со презентација на нутриционистичката вредност на праските од страна на нутриционистот Надица Илиевска и кулинарско шоу реализирано од готвачот Елефтериос Далајоргос (Eleftherios Dalagiorgos), дел од тимот на “Хотел Парк и Спа“.

Присутните претставници од ХоРеКа секторот, увозници и дистрибутери имаа можност да се запознаат со вкусните европски конзервирани праски, нивните специфични својства и предности, како и да разговараат за можностите за понатамошна соработка.

“Ми претставува особено задоволство што имав можност пред етаблирани претставници на ХоРеКа секторот, увозници и дистрибутери да ја претставам кампањата “Вкусовите на Праските“. Делкоф, како мрежа на индустријата за конзервирање работи во насока на претставување на квалитетните европски конзервирани производи пред светот, а наша примарна интенција е зголемување на обемот на трговска размена на продукти. По серијата реализирани средби, верувам дека во претстојниот период ќе оствариме голем број плодни соработки во Северна Македонија.“ – изјави г-дин Константинос Апостолу, Претседател на Делкоф.

“Вкусовите на Праските Балкан“ е кампања која се реализира по иницијатива на Делкоф С.А., финансирана од Европската Унија, со цел промовирање на висококвалитетните европски конзервирани праски, произведени по највисоки стандарди за безбедност на храната, пред потрошувачите.

Повеќе информации може да пронајдете на официјалната веб страница на кампањата

https://www.peachflavors.eu

или на официјалните канали на Фејсбук:

https://www.facebook.com/peachflavors

Инстаграм:

https://www.instagram.com/peachflavors.