Активистот Божидар Божиновски кој е познат и под севдонимот Моџо Килингтон е еден од најчестите гласноговорници на социјалните мрежи за многу општествено-социјални теми. Тој со свој коментар се јави и за утрешниот настан на СДСМ каде состојбата со големата полиција ја споредува со дојавите за бомби по средните училишта. Тој зборува за двојните стандарди на власта, а утрешната партиски трибина ја нарече „собир на лопови“.
Неговиот став целосно ви го пренесуваме во продолжение:
За партиската трибина која ќе ја имаат утре сдсм во ”Борис Трајковски” уште од вечерва има полициско обезбедување да не има утре случајно дојава, да не мора да проверуваат и евакуираат туку да тече тој собир на лопови и цревна флора без прекин. За училиштата не мора обезбедување, можат децата секој ден да се под стрес.
Инаку, вечерва „Борис Трајковски“ е затворен од сите шест влезови, а како изгледа вечерва спортскиот центар можете да погледнете од видеото ТУКА.