Собранието денеска ќе ја одржи 49. пленарна седница, на чиј дневен ред се вкупно 11 точки.

Пред пратениците во второ читање се Предлог на одлуката за давање овластување за склучување на поединечен колективен договор, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, Дополнетиот предлог на закон за работно ангажирање на лица.

На прво читање се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за дивечот и ловството, Предлог на законот за изменување на Законот за фитофармација, Предлог на законот за изменување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование, Предлог на законот за изменување на Законот за високото образование и Предлогот за избор на претседател на Комисијата за хартии од вредност.