Расправата по дополнетиот Предлог – буџет на пленарна седница трае пет дена.
Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.
На 4 декември, Владата го усвои дополнетиот Предлог буџет за 2022 година. Прифатени се 23 амандмани во вкупен износ од околу 382 милиони денари. Дполнително, на предлог на Министерството за финансии прифатени се и следните дополнувања на Буџетот за следната година – зголемување на средствата во МИОА во износ од 250 милиони денари за реализација на програмскитре активности на Македонската радио телевизија, зголемување на средствата на Уставниот суд во износ од еден милион денари за избор на нови уставни судии, зголемување на средствата во финаиската полиција во ознос од еден милион денари за набавка на возило. На седницата е утврден и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетскиуте корисници на централната власт и меѓу фондовите со заклучок таа да биде доставена на усвојување во Собранието.
Синоќа, пратениците на седницата што заврши по полноќ, изгласаа повеќе точки меѓу кои и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.
Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската Здравствена Организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, како и предлогот на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Македонија заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.
На седницата најдолго се дискутираше за кризната состојба заради недостиг на електрична енергија, при што пратениците од опозицијата критикуваа дека Владата е неодговорна, како за кризната состојба за струјата, така и за кризната состојба поради КОВИД-19 и мигрантите, додека парламентарното мнозинство констатираше дека покрај интервентната и превентивната улога на мерките, сепак тие даваат резултати.