Претходно, Собранието ја констатира оставката на Богдановски, која тој не ја образложи на седница.
Пратеникот Панчо Минов како претставник на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија за во ИЕ 1, по поднесената оставка на пратеникот Мирослав Богдановски, согласно законската процедура, редоследно се предлага Даниела Николова за преостанатиот дел од мандатот.
Тој рече дека се спроведени сите законски обврски и процедури и предложи Собранието да го усвои Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. За предлогот гласаа вкупно 78 пратеници, а немаше против и воздржани.
По верификацијата на мандатот на Николова, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и ја продолжи 43-та седница, на која се гласаат преостанатите точки од дневниот ред.