Собранието ја продолжи 104-тата седница на чиј дневен ред е разрешување на тројцата министри од Алтернатива, која излезе од владината коалиција.
На петтиот ден од оваа седница, почна расправа за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.
Расправата за разрешување на министерот за здравство Беким Сали е исцрпена вчера, но поради немање кворум доцна синоќа беше соопштено дека ќе се гласа дополнително.
Денешното продолжение на седницата повторно почна без доволен број пратеници за да се гласа за разрешувањето на Сали.
Покрај Сали и Алити, на дневен ред на оваа седница е разрешувањето на уште еден нивни сопартиец од Алтернатива – Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.