Пратениците треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за инвестициски фондови, на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за генетски модифицирани организми, Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, сите во второ читање.

За оваа седница се предложени и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, и двата во второ читање.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка, Предлог-законот за медијација во прво читање, измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва, на Законот за управување со кризи, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, сите во прво читање.

Пратениците треба да ги разгледаат и годишните извештаи за работата на Судскиот совет, Македонската радио телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите за 2020 година.