Српскиот Парламент денеска соопшти дека е формиран Надзорен одбор за изборната кампања, што ќе го надгледува делувањето на политичките партии, подносителите на пријавените избирачки листи, кандидатите за пратеници и јавните медиумски сервиси пред изборите на 17 декември, јави Бета.
„Надзорниот одбор за изборната кампања апелира до сите учесници во изборниот процес на цивилизиран, пристоен и достоинствен начин да го претстават плурализмот на политичките идеи за кои се залагаат. Толерантен политички тон на кампањата може само да придонесе за стабилноста на општеството и развојот на плурализмот и социјалната солидарност“, се наведува во соопштението.
Изборната кампања за парламентарните избори во Србија трае до 14 декември на полноќ.