На 28 мај, во среда, Собранието на РСМ ќе одржи седница за избор на нов гувернер на Народната банка. Седницата е закажана за 11 часот, според веб-страницата на Собранието. Изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред. „Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи професорот Трајко Славески за гувернер. Тој моментално е претседавач на Советот на Град Скопје“, соопштија од нејзиниот кабинет. Одлуката била заснована на критериуми за стручност и интегритет. Претседателката ја оценила неговата способност да ја извршува функцијата со достоинство.

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува кандидатурата на Славески за нов гувернер на Народната банка. СДСМ, пак, објави дека нема да го поддржи неговиот избор. Тие го оценија Славески како партиски кадар на владејачката партија. Опозицијата изрази резерви за неговата независност во водењето на монетарната политика.

Извор: Plusinfo