По повод одбележувањето на 18 Август, Ден на Армијата на Република Македонија, собраниска делегација денеска ќе положи цвеќе на партизански гробишта, пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигорово и Борис Трајковски, и на генерал Михаило Апостолоски.
Во собраниската делегација, која ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски се и пратениците Дарко Каевски и Зоран Коцевски.