Потпретседателот на Собранието Фадил Зендели даде пауза по барање на Апасиев, кој повикувајќи се на член на Деловникот, побара претседателот на Собранието Талат Џафери да дојде во салата и да ја води седницата, бидејќи не е спречен за тоа.

На претходното продолжение при пребројувањето на гласовите беше констатирано дека во салата има 60 пратеници, откако претседателот на Собранието Талат Џафери излезе од салата, а во неа не беа ниту пратениците од СДСМ и ДУИ.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не обезбеди мнозинство откако пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не се појави во Собранието и на Фејсбук објави дека нема да присуствува на седницата.