– Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ изразува сочувство до Северна Македонија за смртоносниот пожар во модуларната КОВИД болница: „Многу сум тажна. Моите мисли одат кон луѓето во Северна Македонија и сите оние кои ги загубија своите најблиски“, се вели во твитот објавен од портпарлот на Советот на Европа Даниел Холтген.
Во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово агинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што информираат од Министерството за здравство, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.