-Со длабоко жалење дознавме за пожарот кој избувна во Ковид-19 центарот во состав на Државната болница во Тетово – Северна Македонија, каде според првичните сознанија 10 лица ги згубија своите животи, и има повеќе повредени. Изразуваме сочувство до семејствата на починатите и до Владата на Северна Македонија, и посакуваме поскоро закрепнување на повредените лица, се вели во известувањето од МНР на Република Турција.

Во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што информираат од Министерството за здравство, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.