Компанијата е специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција.

Со инвестицијата, според најавата од компанијата, ќе се отворат 100 работни места за ИТ професионалци во наредните две години: развој на софтвер и инженери, аналитичари на податоци, водачи на тимови, архитекти за решение, научници за податоци и други позиции.

-Фокусот на нашето присуство во Македонија ќе биде да изградиме тим од професионалци кои дизајнираат и имплементираат комплексни софтверски решенија за големи глобални клиенти. Планираме да прераснеме во Хаб за одличност во Источна Европа за консултантски услуги и дигитална трансформација, конкретно опслужувајќи големи меѓународни компании за финансиски услуги – банки, заемодавачи, лизинг, осигурителни компании и брокери, вели во пишана изјава основачот и извршен директор на Softelligence, Адријан Блидарус.

Компанијата ветува конкурентни плати и одлични услови за работа, но и можност за професионален развој, учење од меѓународни експерти, обука и развој на нивните кариери и проширување на нивните хоризонти. Локалниот тим во  Македонија ќе има поддршка од 250 интернационални ИТ експерти и ќе биде вклучен во постоечки и нови глобални проекти, помагање на клиентите да распоредат најсовремени решенија како што се интегрирани платформи, напредна и предвидлива анализа на податоци и вештачка интелигенција.

Седиштето на Softelligence е во Лондон, а има два центри за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Financial Times.