Прелиминарните податоци од Јужна Африка, епицентарот на новиот фокус, се „прилично охрабрувачки кога станува збор за сериозноста на болеста“, рече водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи, но тој повика и на внимателност, бидејќи, како што рече, премногу рано е да се дадат конечни оценки.
Според Јужноафриканскиот институт за заразни болести, тешките симптоми кај пациентите инфицирани со претходни видови обично се развиле помеѓу првата и третата недела од потврдата дека се заразени.
Омикрон беше потврден од ноември во Јужна Африка. Минатата недела, бројот на дневни пациенти скокна на 10.055, во споредба со просечните 300, три недели претходно.