Иследниците во неделата исклучуваат дека станува збор за терористички напад, се додава во агенциската вест.

Министерката за внатрешни работи Лучана Ламоргесе нападот го оцени како „крајно сериозен“ и во соопштението порача дека во понеделник ќе престојува во Римини на средба со тамошните безбедносни функционери.

Мажот во автобус со нож ранил две контролорки на билети и потоа при бегството ранил уште три други лица, од кои едно е дете, пренесуваат италијанските медиуми.

По инцидентот, водачот на десничарската страна Лига која е дел од владејачката коалициција, Матео Салвини, во водео-снимка на Facebook ја критикуваше министерката Ламоргесе.

Салвини, кој и самиот беше министер за внатрешни работи и вицепремиер во 2018/2019 година, со месеци врши притисок врз Ламоргесе да усвои построга миграциска политика.

Дваесет ишестгодишниот Сомалиец со месеци престојувал во Италија и поднел барање за азил. Во Европа пристигнал со големиот мигрантси бран во 2015 година и веќе поднесувал барања за статус бегалец во Данска, Шведска, Германија и Холандија. Нејасно, е зошто не бил депортиран, откако му биле одбиени барањата.