Министерството за здравство на Косово денеска објави дека испратило примероци за испитување во лабораторија на Светската здравствена организација во Холандија од еден случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на Министерството, во петокот, на 3 јуни, од Инфективната клиника при Универзитетскиот и клинички центар на Косово (ЌКУК) е добиено известување за случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници.
– Пациентот е машко лице, родено 1953 година во Драгаш и е во стабилна здравствена состојба. Примероците се испратени во референтната лабораторија на СЗО во Холандија. Пациентот е изолиран и хоспитализиран на Инфективната клиника во ЌКУК, се вели во соопштението.